Нов студентски град и универзитетска болница

Ве известуваме дека денес се потпиша меморандумот за соработка со кој се одбележува првата фаза од соработката меѓу инвеститорите ЈИДА Констракшн, ФОН Универзитет и ФИНЕ.

 

Главната цел на овој меморандум ќе биде финансиска и техничка подршка во доизградба на Универзитетскиот град (поранешен КОСМОС) на ФОН Универзитетот како и проширување на дејноста во делот на медицинските науки со изградба на нова универзитетска болница. 

 

ЈИДА КОНСТРАКШН ќе обезбеди меѓународна поддршка и знаење од најмалку два странски стручни фактори за Универзитетскиот медицински центар.

 

 

Со потпишувањето на овој меморандум субјектите ја одбележуваат интернационализацијата на ФОН Универзитет преку Програмата Нова генерација, за која веруваме дека ќе привлече повеќе од 10.000 студенти од повеќе од 40 земји во светот.

 

Истовремено ФОН УНИВЕРЗИТЕТ ја искористува оваа предност за да ги објави програмите за стипендирање на талентирани ученици од Македонија и од целиот свет.

 

Покрај сето ова ќе стартуваат и новите академски програми од областа на стоматологијата, фармација како и факултетите за инжињерствои кинематографија. Дополнително се обезбедува поддршка за изградба и техничка размена на новата современа модерна универзитетска болница со целосни капацитети за обука; која исто така ќе обезбеди технички и други услови за обука на студентите на новиот факултет за медицински науки.

Универзитетот ФОН ја проширува и својата дејност на азискиот континент со ребрендирање на два универзитета во Индија под брендот FON University.

 

Најпрво странските инвеститори остварија и средба со Дарио Николовски, директорот на Агенција за Странски инвестиции и промоција на извозот на РМ. По негова иницијатива и организација, ни беше овозможена средба со Премиерот на Република Македонија Зоран Заев којшто детално ни ги презентираше сите нови политики и можности што ги нуди Владата за странските инвеститори. Поради тоа покажуваме дека уште веднаш сме спремни за инвестирање во Република Македонија.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?